Утрински Весник
Сцена

Брус Вилис ќе игра во три нови филма

Брус Вилис ќе игра во три нови филма

Лос Анџелес, 13 јуни 2020 (/) – Американскиот актер Брус Вилис потпишал договор со студиото „Емет / Фурла Филмс“ (Emmett / Furla Films) и ќе учествува во три проекти.

Директорите на студиото Рандал Емет и Џорџ Фурла веќе имаат снимено 17 филмови со Вилис. Последниот од нив, Midnight in the Switchgrass, во кој, исто така, учествуваат Емили Хирш и Меган Фокс, започна да се снима во март. Снимањето траеше пет дена и беше прекинато поради карантинот.

Се очекува снимањата да продолжат на 29 јуни во Порторико. По нивното завршување, актерот ќе остане таму и ќе почне да работи на првиот од трите нови филмови, со наслов Out of Death. Сценарист е Бил Лоренс, а режисер Мајк Барнс. Заедно со главниот лик од „Умри машки“, во филмот ќе учествува Џејми Кинг. Во приказната, таа случајно е сведок на злосторство во планината, бега во шумата и се сретнува со шумарот (Брус Вилис), кој и помага.

Вториот проект е со наслов Run of the Hitman. Негови сценаристи се Стивен Сајрус Сефер и Били Џеј. Во филмот станува збор за платеник, кој се обидува да спречи корумпиран вработен, кој се обидува да ги контролира своите работодавци и да ја користи организацијата за свои цели.

Третиот филм, Killing Field, чиј сценарист е Рос Пикок, е за жена чиј спокоен живот на фармата завршува, кога еден полицаец ќе дојде кај неа со двајца опасни криминалци.

– Среќен сум што ја продолжуваме соработката со Брус Вилис преку снимањето на овие три филма, но и понатаму, истакна Рандал Емет. гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка