Утрински Весник
Магазин

Брус Вилис знаел дека здравјето му се влошува, продал голем дел од својот имот

Брус Вилис знаел дека здравјето му се влошува, продал голем дел од својот имот
Dik 300x250 mk

Семејството на Брус Вилис неодамна објави дека тој се повлекува од актерството поради неговата здравствена состојба, а според последните информации тој веќе извесно време се подготвувал за очекуваното влошување на здравјето, и решил да продаде голем дел од својот имот во Њујорк и пошироко.

Пријатели на актерот изјавиле за „Пејџ сикс“дека тој веќе некое време се подготвувал за живот со оваа болест, па продал имот во вредност од 65 милиони долари.

„Брус се подготвуваше за овој момент. Знаеше дека ќе дојде време кога неговото здравје ќе се влоши, кога неговата моќ за заработка нема да биде толку голема како порано. Знаеше дека на крајот нема да му требаат многуте имоти и станови во кои престојуваше среде патувања и дека наместо тоа ќе мора да живее во безбедна средина опкружен со своето семејство“, изјави извор близок до актерот.

Пред неполни три години, Вилис ја продаде својата пространа вила на островите Туркс и Кајкос (јужно од Бахамите) за 27 милиони долари. Минатата година тој продаде и земјиште на истиот архипелаг за 6 милиони долари.

Семејството на Вилис соопшти дека тој се повлекува од актерството поради афазија. Семејството откри дека тој се соочува со одредени здравствени проблеми што се одразиле на неговите когнитивни способности. Изјавата беше потпишана од неговата сегашна сопруга Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и сите негови деца.

Можете да прочитате

Ова е најомразениот знак во хороскопот – и тоа поради неколку особини

Два чаја кои e најдобро да се пијат наутро за детоксикација и полесно слабеење

Премногу витамини можат да убијат: Лекарите предупредуваат дека тие го оштетуваат срцето и црниот дроб