Утрински Весник
Спорт

Бруклин разгледува четири кандидати за тренерската позиција

Бруклин разгледува четири кандидати за тренерската позиција
Dik 300x250 mk

Њујорк, 24 април 2020 (МИА) – Раководството на Бруклин Нетс веќе изготви список на кандидати за позицијата тренер, откако поранешниот Кени Аткинсон беше отпуштен на почетокот од март.

Според информациите во списокот на фаворити за позицијата се Тајрон Лу, Џејсон Кид, Марк Џексон и Џеф Ван Гунди.

Гласините велат дека Лу е најверојатен кандидат, бидејќи тој и бекот на Нетс Кајри Ирвинг ја освоија титулата во НБА во 2016 година со Кливленд.

Легендата Џејсон Кид помина една сезона како тренер на „мрежите“ во 2013/14 година, достигнувајќи до Источното полуфинале во плеј-офот.

Марк Џексон неодамна работеше во Голден Стејт Вориорс, а Ван Ганди не бил тренер на НБА тим од 2007 година, при што последните двајца во моментов работат како аналитичари.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони