Утрински Весник
Свет

Бројот на невработени во Русија зголемен за пет пати

Бројот на невработени во Русија зголемен за пет пати

Бројот на официјално невработени во Русија се зголеми пет пати во последните шест месеци, рече министерот за труд, Антон Котјаков.

Во моментов во Русија има официјално 3,6 милиони невработени, наспроти 727 илјади во март, рече Котјаков во изјавата пренесена од новинската агенција „Интерфакс“, пишува „Себиз“.

Руската економија забележа пад на активноста дури и пред пандемијата на коронавирусот, пред се поради падот на цената на нафтата на светските берзи. Пандемијата го забрза трендот на опаѓање бидејќи владата ги ограничи деловните активности и воведе карантински мерки за запирање на ширењето на вирусот.

Дополнителен проблем е падот на глобалната трговија.

Руската рубља ослабна за околу 15 проценти во однос на доларот од март, а во моментов доларот се тргува со 74 рубли, јави ДПА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Неименуван ирански функционер: Речиси 2.000 лица убиени во протестите во Иран

Украинските сили погодија фабрика за дронови во руската област Ростов

Зголемена активност на американските воздухопловни сили во Катар, повик Американците веднаш да го напуштат Иран