Утрински Весник
Македонија

Бројот на ковид-пациенти и натаму опаѓа, во целата земја хоспитализирани се 422 лица

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ кој со корона се заразил во Африка

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 442 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму потсетуваат дека поради намалениот број на болни, болниците затвориле дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок во главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 253 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

Во болниците во Скопје тој број изнесува 169 пациенти, од кои 15 биле примени во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие дома биле пуштени 19 оздравени пациенти.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани исто така 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 43 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 17, во ковид-центарот во Гостивар 8, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 6, Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението од ресорното министерство од каде додаваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Исто така се нагласува дека во скопските ковид-центри бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 130 слободни места.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје