Утрински Весник
Македонија

Бројот на грипосани во Гевгелија во рамки на сезонскиот просек

Бројот на грипосани во Гевгелија во рамки на сезонскиот просек

Гевгелија,19 февруари 2020 (МИА) – Во Регионалниот центар за јавно здравје во Гевгелија до сега се пријавиле околу 110 заболени лица со симптоми на грип, што се смета за бројка во рамки на сезонскиот просек, рече денеска епидемиологот Сашо Олумчев.

Бројот на регистрирани во Општина Гевгелија не е алармантен и покрај тоа што во текот на оваа недела вирусот би можел да има висока активност и поголема распространетост, велат од Центарот од каде потврдија дека неделава поголем на број на пријавени се регистрирани кај помладата популација од пет до 19 годишна возраст.

Вирозите во гевгелиските училишта секојдневно ги празнат училиниците и голем е бројот на деца кои отсуствуваат од настава, но барем до сега овен што часовите се скратени за 15 минути, нема најава дека би можело да дојде до прекин на наставата.

Слична е ситуацијата и во детските градинки каде некои родители велат дека отуството на нивните деца има превентивно значење. им/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити