Утрински Весник
Македонија

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Бројот на приеми се намалува, во ковид-центрите има околу 1.000 празни болнички кревети

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија и тоа 26 во Скопје и 64 во ковид-центрите во земјава, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа, поради компликации од коронавирусот, во Скопје е примен еден пациент и 9 во болниците низ земјава.

Во изминатото деноноќие дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 9 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 17
пациенти.

Вкупно 64 пациенти се хоспитализирани во ковид-центрите во болниците во Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Можете да прочитате

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари

Регистрирани 27 пожари, активни шест, еден под контрола

Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект – евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз