Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ
300x250 opst2

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Според неа, атентатот бил детално и долго планиран, а требало да биде извршен на 27 јануари годинава, на откривање на споменикот на Стефан Немања во Белград.

„Планиран е долго и детално. Формирани се паралелни структури во МВР и водени се кампањи во тајкунските медиуми кои ги пренесуваа медиумите во регионот за дехуманизација на Вучиќ и од него и неговото семејство направија криминален клан“, рече Брнабиќ за ТВ Пинк.

Таа не наведе детали зошто обвинителството не покренало постапка против одговорните.

„Ако го застрелаа Вучиќ, ќе направеа наратив дека тоа е природно: ‘Кој знае во што се вмешани тој и неговото семејство’. Се случуваа многу работи во МВР. Монструозно е колку добро таа мрежа беше поврзана“, посочи Брнабиќ.

Таа нагласи дека надлежните служби се занимаваат со тие случаи и дека нема да бидат заштитени без разлика на „име и презиме, функција и партиска припадност“.

„Знам дека Српската напредна партија е единствената партија во историјата на Србија која рече дека сите се третирани еднакво и дека нема заштитени“, рече Брнабиќ.

Според неа, врз Вучиќ се врши притисок преку напади врз неговиот син Данило, бидејќи, како што кажа, не може да му забележат ништо што е поврзано со економските и политичките прашања.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари