Утрински Весник
Свет

Брнабиќ: Опасноста од атентат на Вучиќ се уште не е отстранета

Брнабиќ: Опасноста од атентат на Вучиќ се уште не е отстранета

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека се уште не е отстранета опасноста од атентат на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„За тоа комуницираме и со земји надвор од Европската Унија. Тоа се уште не сме го спречиле, борбата се уште трае и опасноста не е отстранета“, изјави таа за српски медиуми.

Брнабиќ рече дека е невозможно лидерот на „кавачкиот клан“, Радоје Звичер, кој е осомничен дека е вмешан во организирањето на атентатот на претседателот на Србија, да биде „толку силен“ без поддршка од државниот врв.

„Невозможно е некој од Црна Гора да не знаел за Звичер и да не го спречил. Јас не верувам во тоа“, рече Брнабиќ.

Таа претходно кажа дека известувањето дека се подготвува атентат на претседателот на државата е добиено од Европол, преку една членка на Европската Унија, со временска рамка која била планирана за првата половина на февруари.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот