Утрински Весник
Свет

Брнабиќ: Во Србија пристигнуваат повеќе од 660.000 вакцини

Во Србија 386 новозаразени и 18 починати, Брнабиќ ги моли граѓаните да се придржуваат до мерките

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека до крајот на април 40 отсто од населението во државата ќе биде вакцинирано барем со првата доза и најави дека повеќе од 660.000 вакцини ќе пристигнат до понеделник.

Во изјава за локални медиуми таа додаде дека 57.600 дози вакцини „астра зенека“ од програмата „Ковакс“ ќе пристигнат во Србија вечерва, а в понеделник се очекува да пристигнат 106.470 дози вакцини од „Фајзер“ и половина милион вакцини од „Синофарм“.

„Долго чекавме за системот ‘Ковакс’. Добро е што се организиравме и сериозно размислувавме да имаме билатерални договори со производителите и да добиеме речиси 2,5 милиона вакцини“, рече таа.

Според неа, 1.039.000 луѓе досега ги примиле двете дози вакцина во Србија.

Таа додаде дека претседателот Вучиќ ќе се вакцинира во вторник, со што ќе се отвори вториот круг на вакцинација.

Можете да прочитате

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола