Утрински Весник
Свет

Британците се подготвуваат за живот со корона – од следната недела без маски и работа од дома

Британците се подготвуваат за живот со корона – од следната недела без маски и работа од дома
Dik 300x250 mk

Од следната недела граѓаните во Англија повеќе нема да бидат обврзани да носат маски или да работат од дома, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

Џонсон пред Парламентот рече дека владата ќе дефинира долгорочна стратегија за живеење со корона вирусот и порача дека граѓаните треба да бидат внимателни во последните недели од зимата, бидејќи пандемијата се уште не е завршена, пренесува Би-би-си.

Тој исто така рече дека сојот омикрон „не е лесна болест за секого, особено не за оние кои не биле вакцинирани“.

Тој најави и укинување на правилата за задолжително носење маски за средношколците во училниците, јавниот превоз и продавниците.

Како што се наведува, останува во сила одредбата дека маските ќе бидат задолжителни за влез на одредени места.

Би-Би-Си наведува дека т.н Планот Б, кој стапува на сила на 27 јануари, содржи и одредба дека на компаниите повеќе нема да им требаат пропусници за ковид.

Ќе се ублажат и рестриктивните мерки за домовите за стари лица, а деталите ќе бидат објавени подоцна.

Останува обврската секој кој е позитивен на корона вирусот да оди во самоизолација.

Можете да прочитате

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

Шведска ја суспендира дел од помошта за Србија поради корупција

Началникот на германските вооружени сили бара сите млади мажи да бидат проценети за воена служба