Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Британците оставиле контакти на авганистанските сојузници во амбасадата, сега таму се Талибанците

Британците оставиле контакти на авганистанските сојузници во амбасадата, сега таму се Талибанците
Img 7972

Персоналот на британското Министерство за надворешни работи оставило документи со податоци за контакт на Авганистанците кои работат за нив расфрлани на теренот во кругот на Британската амбасада во Кабул, која беше окупирана од Талибанците, објавија светските медиуми.

“Повлекувањето на нашата амбасада се забрзува бидејќи ситуацијата во Кабул се влошува. Направени се сите напори да се уништат чувствителните материјали”, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи за Ројтерс како одговор на извештајот.

Според агенциите документи со идентификација на седум Авганистанци биле пронајдени во кругот, додека талибанските борци патролирале во амбасадата. Весниците објавија дека на Министерството за надворешни работи му биле доставени детали за тројца членови на персоналот во Авганистан и нивните осум членови на семејството.

„Клучно е што сега успеавме овие три семејства да ги ставиме на листата на безбедни“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи за Ројтерс доцна синоќа.

Можете да прочитате

Најмалку еден ученик загина при уривање на училиште во Индонезија

Жена од Калифорнија доби отштета од 17 милиони долари за брутално приведување

Арапски, муслимански и европски држави го поздравија планот на Трамп за Газа