Утрински Весник
Свет

Британско здравствено регулаторно тело: Вакцината на „Фајзер“ не треба да ја примат оние кои имаат алергиски реакции

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособните Филипче и Заев, државата меѓу последните ќе набавува вакцини против корона
Dik 300x250 mk

Здравственото регулаторно тело на Велика Британија ги предупреди луѓето кои имаат историја на сериозни алергиски реакции дека засега не треба да ја примат вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“, бидејќи две лица имале алергиски реакции, објави Националната здравствена служба (НХС).

Двајца членови на НХС, кои ја примиле вакцината првиот ден од масовната вакцинација во Велика Британија, добиле алергиска реакција, објави „Гардијан“, повикувајќи се на ПА Медиа.

Затоа, Здравствениот регулаторен орган (МХРА) предупреди дека секој што има посилни алергиски реакции на лекови, храна или вакцини, не треба да прима вакцина на „Фајзер“.

НХС во Англија ги извести сите пунктови за вакцинација за ова предупредување.Тоа значи дека секој што е на програмата да прими вакцина ќе биде прашан дали претходно имал проблеми со алергиски реакции.

Професорот Стивен Пауис, еден од директорите во НХС за Англија, рече дека МХРА даде ваков совет како претпазливост, бидејќи две лица добиле алергиска реакција.

„Тие две лица добро закрепнуваат“, додаде тој.

Велика Британија е прва земја во светот што одобри употреба на вакцина на компанијата „Фајзер“, додека САД сè уште не го сторија тоа

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети