Утрински Весник
Македонија

Британски хакери краделе пари од сметка од фирма од Радовиш

Британски хакери краделе пари од сметка од фирма од Радовиш
Dik 300x250 mk

Полицијата поднесе една кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело компјутерска измама.

Според информациите на МВР, осомничените неколку пати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу фирма од Радовиш и фирма од Лондон и со менување и прекривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата.

Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил четири уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.

Осомничените ја оштетиле фирмата за 15.006.000 денари.

Можете да прочитате

Руте: Агресијата на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг