Утрински Весник
Свет

Британски разузнавачи пишуваат за побуни меѓу руските трупи: „Тоа е знак за деморализирана армија“

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина, кој укажува на тоа дека руските сили трпат големи загуби, особено меѓу младите офицери.

„Големите загуби на значителен број од помладата генерација на професионални офицери веројатно дополнително ќе го влошат проблемот со модернизирање на пристапот кон војувањето“, се наведува во извештајот.

Британското разузнавање соопшти дека има повеќе веродостојни извештаи за локализирани побуни меѓу руските трупи во Украина, што, како што се вели, е знак за деморализирана армија.

Можете да прочитате

СЗО се подготвува за нуклеарна војна на Блискиот Исток

Руте: Очекувам Европа да се обедини околу Иран

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран