Утрински Весник
Свет

Британски виролог: Новиот вид коронавирус има дури 22 мутации

Британски виролог: Новиот вид коронавирус има дури 22 мутации

Новиот вид коронавирус, кој брзо се шири низ делови на јужна Англија, има невообичаено голем број мутации, дури 22“, вели британскиот виролог Венди Баркли.

Професорката Баркли, шефица на одделот за инфективни заболувања на Кралскиот колеџ во Лондон, изјави за Би-би-си Радио 4 дека обично се забележуваат една до две промени во вирусот, но дека новиот вид корона има 22“.

„Ова е предупредување за итни случаи. Сепак, морам да додадам дека е биолошки можно вирусот да се промени така поради тие мутации“, рече таа.

Професорката истакна дека сега е најважно да се открие дали вакцините сепак се подеднакво ефикасни против новиот вид коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот