Утрински Весник
Магазин

Британскиот театар воведе платен стриминг-сервис за снимени претстави

Британскиот театар воведе платен стриминг-сервис за снимени претстави

Британскиот националниот театар започна стриминг-сервис за својата архива на снимени претстави, во кои играат sвезди како Хелен Мирен и Оливија Колман.

Проектот наречен National Theatre at Home (Националниот театар дома) ќе ги направи претставите достапни врз база на еднократно плаќање или со претплата.

Меѓу другите се и „Федoрa“со Хелен Мирен, „Медеја“ со Хелен Мекрори и Михаела Коел во главните улоги, и „Отело“ на Адријан Лестер.

Многу од претставите претходно беа прикажувани во киносалите, а некои беа пренесувани бесплатно при првиот локдаун.

Заинтересираните ќе може да се гледаат и продукции поставени од партнерските театри.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден