Утрински Весник
Свет

Британскиот премиер пред Парламентот: Извинете, не знаев дека забавата е нелегална

Британскиот премиер пред Парламентот: Извинете, не знаев дека забавата е нелегална

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска им се извини на пратениците за кршење на ограничувањата за време на вонредната состојба што ја воведе како премиер поради пандемијата на коронавирус.

Имено, Џонсон денеска за прв пат јавно го коментираше инцидентот од минатата недела кога полицијата го казни за роденденскиот собир што беше организиран во негова чест на 13 април 2020 година во Даунинг стрит.

Во тоа време, големите собири во затворен простор беа забранети.

Тој денеска покрај извинувањето рече дека не знаел дека забавата била организирана незаконски.

Џонсон им понуди искрено извинување на британските пратеници, пренесува Си-Ен-Ен и посочи дека „не му паднало на памет ниту тогаш ниту подоцна“ дека собирот „може да биде еднаков на кршење на правилата“.

Си-Ен-Ен потсетува дека полицијата сè уште истражува други собири во британската влада за време на пандемијата, па Џонсон би можел да добие повеќе казни во наредните недели.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација