Утрински Весник
Свет

Британскиот министер за одбрана: Путин е слика на фашизмот од пред 77 години

Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин и неговите генерали се слика на фашизмот и тиранијата од пред 77 години, а нивната инвазија на Украина го посрамоти военото минато на Русија, изјави британскиот министер за одбрана, Бен Валас.

Во говорот што се совпадна со парадата на Денот на победата на Русија по повод крајот на Втората светска војна, Валас рече дека руските генерали се учесници, како и нивниот претседател и дека треба да се соочат со воен суд за војната во Украина.

„Со инвазијата на Украина, Путин и неговиот близок круг на генерали сега го рефлектираат фашизмот и тиранијата од пред 77 години, повторувајќи ги грешките на тоталитарниот режим од минатиот век“, рече тој.

„Путин и генералите не можат да имаат Ден на победата, само срам и сигурен пораз во Украина“, додаде тој.

Валас зборуваше додека Путин се обраќаше пред руската армија на Црвениот плоштад на годишнината од победата над нацистичка Германија, евоцирајќи спомени за советскиот хероизам.

Можете да прочитате

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни