Утрински Весник
Свет

Британскиот министер за одбрана: Инвазијата на Путин во Украина ќе стане брутална

Британскиот министер за одбрана: Инвазијата на Путин во Украина ќе стане брутална

Инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина ќе стане уште побрутална, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас.

„Секој што размислува логично не би го направил тоа што го прави тој (Путин), па ќе видиме дека неговата бруталност се зголемува“, кажал Валас во изјава за радио.

„Не успева во она што го наумил. Потоа ги опкружува градовите, безмилосно ги бомбардира ноќе. На крајот ќе се обиде да ги растури и да ги земе“, рекол тој, пренесуваат светските медиуми.

Можете да прочитате

Полицијата со палки ги растера демонстрантите од плоштадот Росио во Лисабон

Германската полиција ги чува ограбените продавници во Франкфурт

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути