Утрински Весник
Свет

Британскиот актер Арчи Линдхарст почина на 19-годишна возраст

Британскиот актер Арчи Линдхарст почина на 19-годишна возраст
Dik 300x250 mk

Арчи Линдхарст, ѕвездата на Си-би-би-си, син на Николас Линдхерст од „Сплетки“ (Only Fools And Horses), почина на 19-годишна возраст по кратко боледување, објави британскиот јавен сервис Би- би-си.

Арчи стана познат по улогата на Оли Колтон во комичната серија So Awkward.

„Tој беше многу талентиран млад актер. Сите ние во ‘Би-би-си чилдрен’ сме скршени од тага“, изјави Шерил Тејлор, еден од директорите во Си-би-би-си.

„На сите ќе ни недостига многу, и во овие моменти изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство и пријателите.“

Арчи ја започна својата актерска кариера во театарското училиште „Силвија Јанг“ на 10-годишна возраст.

Во 2019 година Николас се појави заедно со неговиот син во една епизода од серијата So Awkward.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа