Утрински Весник
Свет

Британска студија: По примањето на една доза на вакцина, двојно помали шансите за пренесување на вирусот во семејството

Вакцинирани лица во старски дом во Америка масовно се заразиле со нов вид на вирусот

Само една доза вакцина на „Фајзер“ или „Астразенека“ може да го намали преносот на коронавирус за речиси 50 проценти во истото домаќинство, каде што ризикот од инфекција е многу висок, според студијата на Англиската агенција за јавно здравје (PHE), чии резултати беа објавени денес.

Истражувањето покажа дека луѓето кои се заразуваат со вирусот три недели откако ја примиле првата доза од вакцината на „Фајзер“ или „Астразенека“, имаат 38 до 49 проценти помалку шанси да ја пренесат заразата на членовите од истото домаќинство отколку оние кои не биле вакцинирани.

Ова ниво на заштита е забележано околу четиринаесеттиот ден по вакцинирањето и е слично, без оглед на возраста на вакцинираното лице или членовите на неговото семејство.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок смета дека тоа се фантастични вести.

„Веќе знаевме дека вакцините спасуваат животи, но оваа студија, најсеопфатна во реални околности, исто така укажува на намален пренос на овој смртоносен вирус“, рече тој.

Првата доза на вакцината исто така ја спречува можноста за развој на симптоматска форма на болеста. Имено, во рок од четири недели по приемот на првата доза на која било вакцина, тој ризик е намален за околу 60-65 проценти.

Во студијата се вклучени повеќе од 57.000 контакти од 24.000 домаќинства во кои вакцинираното лице последователно било позитивно на коронавирус, а направена е и споредба со скоро милион контакти на лица кои не биле вакцинирани.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата