Утрински Весник
Свет

Британска авиокомпанија планира откаже околу десет илјади летови

Бритиш ервејс планира да откаже десет илјади кратки летови оваа зима. Тоа е околу осум проценти од зимскиот распоред.

dobivaj vesti na viber

Од британската авиокомпанија велат дека целта на овој потег е да се минимизираат нарушувањата, а ќе се одрази и на некои долги летови, пренесува Би-Би-Си.

Бритиш ервејс ќе укине и по десетина повратни летови дневно, со вкупно 629 летови до крајот на октомври. Најголем дел од откажаните летови ќе бидат на релации кои имаат алтернативен превоз до истите дестинации.

„Американ ерлајнс“ откажа околу 31.000 летови минатата недела, што е околу 16 отсто од нејзиниот ноемвриски распоред. Тоа е огромна бројка во споредба со 19.000 летови кои американскиот авиопревозник претходно ги откажа летово.

Авиокомпаниите го обвинуваат тековниот недостиг на персонал, заедно со големата побарувачка за патувања.

Најголем проблем е недостатокот на пилоти. Повеќе од една третина од доцнењата во светот може да се случат во Соединетите Американски Држави. Во понеделникот, најмалку 20 отсто од летовите беа одложени на 30 големи американски аеродроми,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен