Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Британската полиција истражува хејтерски твитови за принцот Хари и Меган Маркл

Британската полиција истражува хејтерски твитови за принцот Хари и Меган Маркл
Img 7972

Твитер-профил познат по ширење омраза против принцот Хари, Меган Маркл и нивниот пријател Омид Скоби е избришан од страна на неговиот сопственик.

Новинарот Скоби, пријател на кралската двојка, тврди дека британската полиција го истражува сопственикот на овој профил поради десетици твитови со кои им посакува сообраќајни несреќи на Меган Маркл и принцот Хари.

Скоби, коавтор на Finding Freedom („Потрага по слобода“), неовластена биографија на војводата и војвотката од Сасекс, рече сопственикот на профилот, кој им посакува сообраќајни несреќи на транс-заедницата, на Сасексови, на Луис Хамлстон и на него, е под истрага.

Новинарот тврди дека профилот е избришан, но предупреди дека затворањето на профилот нема да направи ништо.

„Тие имаат скриншотови од твоите твитови од септември, твојата адреса на е-пошта и телефонскиот број,“ напиша тој, обраќајќи му се на хејтерот.

„Ја игнорирам злоупотребата насочена кон мене, но ако испратиш витриол како погоре, ќе дојдам по тебе“.

Омид Скоби долго време добиваше реакции од кралските фанови затоа што зборуваше во корист на Меган Маркл и принцот Хари.

Можете да прочитате

Октомври е месец на туршија: Подгответе ја по рецепт стар илјадници години

Денес се празнува Светиот апостол Кодрат

Љубовен мир и заборавено богатство денес: Дневен хороскоп (04.10.2025)