Утрински Весник
Свет

Британската министерка за надворешни работи: Руските трупи можат брзо да стигнат до Киев

Британската министерка за надворешни работи: Руските трупи можат брзо да стигнат до Киев

Руската инвазија на Украина е многу веројатна, таа би можела да се случи наскоро и би претставувала закана за пошироката стабилност на Европа, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Министерката Трас за „Скај њуз“ посочи и дека руските војници, доколку влезат во Украина, би можеле „многу, многу брзо“ да стигнат до Киев, пренесува Ројтерс.

„Ова е за поширока стабилност на Европа. А се работи за поширока глобална стабилност и пораката што им ја даваме на агресорите. „Мораме да испратиме порака до Владимир Путин дека не може да има награда за агресија“, рече Трас.

Можете да прочитате

Зеленски го потврди тридневното примирје со Русија и размената на 1.000 затвореници

Рубио: Очекувам Иран да достави сериозен предлог за прекин на огнот

САД ги објавија првите тајни документи за НЛО