Утрински Весник
Свет

Британската влада демантираше дека Џонсон бил во Италија

Џонсон најави построги мерки во борбата против Ковид-19

Владата на Велика Британија  гo демантираше пишувањето на медиумите дека премиерот Борис Џонсон бил во Италија минатиот викенд.

Тие наведуваат дека тој не патувал во странство претходните месеци.

Италијанска „Република“ објави дека Џонсон бил во Перуџа минатиот викенд, од 11 до 14 септември, за да го крсти помладиот син Вилфред, повикувајќи се на соопштението на градскиот аеродром, пренесува „Ројтерс“.

„Таа приказна е целосно неточна. Премиерот не патувал во Италија претходните месеци. Секој што ги објавува овие тврдења повторува лаги”, рече портпаролот на „Даунинг стрит“.

Британскиот министер за транспорт, Грант Шепс, исто така, ги демантираше овие обвинувања, изјавувајќи дека ги проверил двапати и утврдил дека не се точни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја

Ужас во Колумбија: Се урна воен авион, имало 110 војници!