Утрински Весник
Свет

Британија ѝ го испраќа на Украина најмоќното оружје досега

Обединетото Кралство потврди дека ќе испрати повеќецевни ракетни фрлачи (MLRS) во Украина за прв пат во новата транша од воената помош. Британската влада најави дека MLRS ќе им помогне на Украинците да се заштитат од руската артилерија.

Поточно, станува збор за повеќецевни ракетни фрлачи М270, кои Америка вети дека ќе ги испрати во Украина.

Објавувајќи ја новата транша оружје за Украина, британската влада потсетува дека испратила воена помош во вредност од над 750 милиони фунти за Украина.

Британците досега и испратија на Украина повеќе од 5.000 противтенковски ракети од новата генерација, 120 оклопни возила, пет системи за противвоздушна одбрана, вклучително и ракети Starstreak, десетици беспилотни летала.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад