Утрински Весник
Свет

Британија ќе обезбеди азил на Зеленски и на членовите на украинската администрација доколку ја напуштат земјата

Британија ќе обезбеди азил на Зеленски и на членовите на украинската администрација доколку ја напуштат земјата

Обединетото Кралство ќе биде подготвено да ја обезбеди сета потребна поддршка и азил на членовите на украинската администрација и претседателот Володимир Зеленски, доколку донесат одлука да ја напуштат таа земја, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

-Секако дека сме подготвени да ја обезбедиме сета потребна поддршка, логистичка или која било друга. Британија секогаш го правела тоа. Токму тоа му кажав на Зеленски утринава дали тој и владата имаат потреба од засолниште – истакна Џонсон во своето обраќање пред пратениците во британскиот парламент.

Во текот на ноќта ескалираше кризата во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин најави „почеток на специјална воена акција“, а потоа низ Украина почнаа да пристигнуваат извештаи за гранатирање, која набрзо објави дека започнала инвазија на нејзината територија.

Исто така, има се повеќе информации дека руската армија ја презела нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа недалеку од границата со Белорусија.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците