Утрински Весник
Свет

Британија го одобри лекот на „Фајзер“ против коронавирус

Британија го одобри лекот на „Фајзер“ против коронавирус

Велика Британија го одобри лекот на компанијата „Фајзер“ за Ковид-19, за пациенти на возраст над 18 години кои имаат блага инфекција или кои се изложени на висок ризик да се влошат.

„Пакловид“ е најефикасен кога се зема во раните фази на болеста, во рок од пет дена од почетокот на симптомите на Ковид-19, објави денеска Британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (МХРА), пренесува „Ројтерс“.

Одобрувањето доаѓа во време кога Британија речиси секојдневно се соочува со рекорден број на нови случаи на ковид, благодарение на брзото ширење на сојот омикрон.

„Фајзер“ овој месец објави дека „Пакловид“ покажува речиси 90 проценти ефикасност во превенцијата кај пациенти со висок ризик, а неодамнешните лабораториски податоци покажуваат дека лекот ја задржува својата ефикасност против омикрон.

Можете да прочитате

Лавров на Алјаска стигна со блузон на кој пишува СССР

Денеска ќе се одржи средбата Трамп – Путин

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници