Утрински Весник
Македонија

Британец хакирал и измамил македонска фирма

Британец хакирал и измамил македонска фирма

Полицијата поднесе кривична пријава против Р.Н.Н. (36) од Велика Британија, поради измама и оштетување и неовластено влегување во компјутерски систем.

Според информациите од МВР, пријавениот, во текот на ноември минатата година, заради прибавување противправна имотна корист, неовластено влегол во туѓ компјутерски систем.

„Тој ги сменил вистинските банкарски податоци во електронска комуникација помеѓу фирма од Скопје и фирма од САД, доведувајќи го во заблуда одговорното лице Т.М., за извршена нарачка на дијагностичка опрема, наместо на вистинската банкарска сметка да изврши плаќање на парични средства во износ од 10.503 евра на банкарска сметка која била во сопственост на пријавениот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ

Конески: Да ги вклучиме младите во локалната власт и да им дадеме причина да останат во Македонија