Утрински Весник
Свет

Брисел подготвува нови санкции против Русија – ќе бидат објавени за неколку часа

Брисел подготвува нови санкции против Русија – ќе бидат објавени за неколку часа

Членките на ЕУ подготвуваат нови санкции против Русија, кои ќе бидат објавени во наредните часови, изјави извор од француското претседателство.

Изјавата дојде неколку часа по телефонскиот разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин, францускиот лидер Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.

„ Во наредните часови ќе објавиме нови санкции. Разговорите меѓу лидерите беа искрени и тешки“ – навел изворот, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

„ Новите санкции на Европската унија против Русија треба да стапат на сила денеска“, изјави францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан

Француското претседателство соопшти дека ќе продолжат да вршат максимален притисок врз Русија да ги прекине воените активности во Украина.

По телефонскиот разговор меѓу лидерите, Кремљ соопшти дека Путин го свртел вниманието на Шолц и Макрон на кршењето на човековите права од страна на украинските безбедносни сили и укажал на егзекуција на дезертери, земање заложници и употреба на цивили како жив штит, поставување на тешко вооружување во станбени делови во близина на училишта и градинки.

Можете да прочитате

Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид поради обидите за приватизацијата на јавниот пензиски систем

Недостатигот на вода може да ги продлабочи глобалните конфликти, ЕУ со сериозно предупредување

Весникот „Телеграф“ укинува работни места за да стане „медиум управуван од вештачка интелигенција“