Утрински Весник
Спорт

Брејк на Милвоки – Победа ги дели Бакс од шампионскиот прстен

Брејк на Милвоки – Победа ги дели Бакс од шампионскиот прстен
Dik 300x250 mk

Кошаркарите на Милвоки Баксе славеа во Финикс со 123:119, во петиот меч од финалната серија, во НБА лигата. Бакс водат во серијата со 3:2, уште една победа ги дели од шампионскиот прстен.

Првата победа на Милвоки, во Финикс, по пауза од четири години, ја потврди Јанис Адетокумбо со спектакуларно забивање на 13 секунди до крајот на мечот. Гркот на својот тим му донесе предност од три поени, доби и дополнително слободно фрлање. Откако не успеа да погоди, со офанзивен скок овозможи нов напад за својот тим.

Потоа Крис Мидлтон беше фаулиран, погоди едно од двете слободни фрлања, со што ја потврди победата на Милвоки.

Финикс, фуриозно влегоа во дуелот, имаа предност од 16 поени во првата четвртина. Сепак, Бакс во наредната четвртина се вратија во натпреварот. Во последниот период, Бакс имаа предност и од 14 поени.

Адетокумбо (32 поени, девет скока и шест асистенции), заедно со Мидлтон (29 поени, седум скока) и Џру Холидеј (27 поени, 13 асистенции) го предводеше тимот до третиот триумф во серијата.

Финикс не успеаја да победата иако Девин Букер повторно постигна 40 поени. Крис Пол забележа 21 поен и 11 асистенции, а Диандре Ејтон 20 поени и 10 скокови.

Милвоки ќе имаат можност во среда од 3 часот, на домашен терен да ја освојат титулата.



> Брејк на Милвоки – Победа ги дели Бакс од шампионскиот прстен <

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите