Утрински Весник
Спорт

Брејк на Голден стејт, победа ги дели од пласман во големото финале

Dik 300x250 mk

Голден стејт Вориорс направија брејк во Далас и стигна на победа до пласман во големото финале, во НБА лигата. Вориорс, во третиот натпревар, ги победија Маверикс со 109:100.

Првото полувреме помина во изедначена игра, а Вориорс стекнаа предност од три поени. Далас најдобриот период од играта го имаа во втората четвртина, во еден момент имаа и девет поени предност. Сепак, на полувреме Вориорс имаа поен предност.

Одлуката, околу конечниот победник падна во третиот квартал. Голден Стејт ја засилија одбраната и постепено ја зголемуваа разликата. Во самиот финиш од третата четвртина имаа плус 14, а во последните 12 минути влегоа со плус 10.

Лука Дончиќ „експлодираше“ во последната четвртина. Во овој период постигна половина од своите 40 поени, но Далас не успеа сериозно да ја загрози предноста на Вориорс. Најблиску се доближија на минус пет, на 75 секунди до крајот кога Динвиди погоди тројка, но Пул возврати со иста мерка и потоа практично се беше решено.

Стеф Кари беше најефикасен во победничкиот тим со 31 поен, а придодаде и пет скока и 11 асистенции. Најблиску до него беше Ендрју Вигинс со 27 поени и дури 11 скока. Канаѓанецот одигра одлична одбрана против Дончиќ во првите три четвртини. Клеј Томпсон мечот го заврши со 19 поени.

Дончиќ постигна 40 поени со 11 скока и три асистенции. Ефикасни беа и Спенсер Динвиди со 26 и Џејлен Бренсон со 20 поени.

Во Далас, ноќта меѓу вторник и среда, во три часот по полноќ се игра четвртиот натпревар од финалето на Западната конференција.



> Брејк на Голден стејт, победа ги дели од пласман во големото финале <

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации