Утрински Весник
Спорт

Бреша го избрка Балотели

Претседателот на Бреша предизвика расистички скандал со реплика на адреса на Балотели

Бреша, 6 јуни 2020 (МИА) – Италијанските медиуми пишуваат дека Бреша еднострано го раскинала договорот со Марио Балотели со непосреден ефект.

Според голем број на сигурни извори, сопственикот на клубот Масимо Селино посакал да го раскине тригодишниот договор на напаѓачот роден во овој град.

Поранешниот играч на Ливерпул и Манчестер Сити дојде во Бреша минатото лето, но проблемите со неговото однесување надвор од терените уште еднаш ќе доведат до предвремено разделување од клубот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука