Утрински Весник
Магазин

Бремената Ријана на полноќен шопинг во Париз

Бремената Ријана на полноќен шопинг во Париз

Ријана конечно го покри својот труднички стомак во дуксер додека пазаруваше со своето момче Асап Роки во „Бејби Диор“ во Париз.

Поп-дивата и раперот беа забележани изминатиот викенд како купуваат бебешка облека во бутикот лоциран на престижната авенија Монтејн во француската метропола.

34-годишната Ријана, која го очекува своето прво дете со 33-годишниот рапер, на себе има широк беж дуксер и капут од велур во карамел боја.

На славниот пар му асистираа 10 вработени во бутикот откако беше ексклузивно отворен од 23 часот до 2 часот по полноќ за приватен шопинг.

 

Можете да прочитате

Името на бебето на Бони Блу ќе се продава на аукција

Висок крвен притисок – главни причини и совети

Поротата одлучи: „Фејсбук“ и „Јутјуб“ не предупредиле за ризикот од зависност, отштетата кон тужителот е три милиони долари