Холивудскиот шармер беше забележан во Холивуд во средата додека излегува од продавница за тако, облечен во стилска, маслинесто зелена јакна и фармерки, и разговара на неговиот телефон.
Пит (56) неодамна постигна мала победа во судската битка за старателство над децата со поранешната сопруга Анџелина Џоли (45), која бараше изземање на судијата Џон Удеркирк од случајот.
Џоли безуспешно се обидувала да го отстрани судијата од нивната долготрајна бракоразводна постапка, според судските документи до кои дојде „Дејли мејл“.
Џоли поднела барање за изземање на судијата Џон В. Удеркирк тврдејќи дека тој не ѝ открил дека има деловни и професионални односи со адвокатскиот тим на Пит, и поради тоа, смета дека не е фер да претседава со нивната бракоразводна постапка.
Сепак, судот на Калифорнија донесе одлука дека Одеркирк ќе остане на случајот.
Анџелина и Бред – кои се венчаа во 2016 година, но се разделија две години подоцна – имаат шест деца, Медокс (19), Пакс (16), Захара (15), Шило (14) и близнаците Нокс и Вивиен (12).
Горчлив развод: Битката на Пит и Џоли за старателство врз нивните шест деца сè уште трае.