Утрински Весник
Свет

Брачен пар од Бугарија уапсен во Германија, криумчарел новороденчиња

Брачен пар од Бугарија уапсен во Германија, криумчарел новороденчиња

Брачна двојка од Бугарија, барана од полицијата за шверц на новороденчиња во Грција, се уапсени во Германија и наскоро ќе бидат екстрадирани, соопшти Државното правобранителство на Софија.

За осомничените во февруари била издадена европска потерница за „сомневање за учество во организирана криминална група која шверцувала новороденчиња на грчка територија“, се вели во соопштението.

Мажот и сопругата, чиј син веќе е во притвор во Бугарија, беа уапсени на 29-ти април во Нојнкирхен, југозападна Германија. Државното правобранителство не ја наведе причината за нивниот престој во Германија.

На сите им се заканува затвор од 5 до 15 години.

Тие се обвинети за измама на бремени жени кои биле од сиромашно потекло во Бугарија од 2015 година, ветувајќи им дека ќе добијат од 2.500 до 3.500 евра. Потоа ги одвеле и ги сместиле во стан во Атина пред породувањето.

„Неколку дена по раѓањето, децата биле продадени на локални шверцери кои најверојатно припаѓале на меѓународна мрежа за трговија со новороденчиња“, велат надлежните во Бугарија.

Утврден е идентитетот на девет жени, сите од сиромашно потекло, чии деца се родени и продадени во Грција, пишуваат медиумите.

Неонаталната трговија, која за прв пат беше широко распространета меѓу Ромите во источна Бугарија, се прошири во другите делови на земјата во последните неколку години, а најчеста дестинација беше соседна Грција.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година