Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Братот на Мараја Кери тврди дека таа е одмаздољубива

Братот на Мараја Кери тврди дека таа е одмаздољубива
300x250 opst2

Братот на Мараја Кери, Морган Кери, ја тужи за клевета и намерно нанесување на душевна болка со нејзините мемоари во кои таа пишува дека бил насилен, тврдења кои тој ги нарече „злонамерни лаги“.

Како одговор на неговата тужба, поп-sвездата (51) инсистира на тоа дека е од јавен интерес таа да споделува приказни за нејзиното проблематично детство со цел да ги инспирира другите.

А сега, Морган ја нападна одбраната на неговата сестра во нови судски документи.

Во документ поднесен до Врховниот суд на Менхетн во вторникот, како што тврди весникот „Њујорк пост“, тој напишал: „Особено е иронично да се слуша Мараја како тврди дека нејзината намера не била да ме клевети, туку да инспирира проблематични млади луѓе“.

„Ова доаѓа од некој чие јавно однесување вклучува гламурирање на нејзиното прекумерно пиење како и други однесувања што би било невкусно да се споменат тука.“

Морган исто така посочува дека Мараја можела да ги инспирира луѓето дискутирајќи за неговите здравствени проблеми – битката со церебрална парализа, епилепсија и тоа дека едната нога му е пократка од другата – наместо да им кажува на своите читатели за наводна злобна битка меѓу него и нивниот татко, и тврдејќи дека нејзиниот брат бил институционализиран кога бил помлад.

„Овој детаљ видливо недостасува, што јасно говори дека ‘инспирација’ не била на дневен ред,“ пишува братот на Мараја.

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи