Утрински Весник
Економија

„Бош“ отвори фабрика за производство на чипови, вредна една милијарда евра

„Бош“ отвори фабрика за производство на чипови, вредна една милијарда евра
Dik 300x250 mk

Германската технолошка компанија „Бош“ во Дрезден отвори фабрика за чипови вредна една милијарда евра.

Фабриката ќе помогне да се задоволи зголемената побарувачка за полупроводници.

Поради глобалниот недостиг на полупроводници, водечките автомобилски компании како „Фолксваген“ и „БМВ“ се принудени да го запрат производството на возила во последните месеци.

„ Стагнацијата на пазарот на полупроводници го попречи закрепнувањето на економијата по кризата со коронавирусот“, рече германската канцеларка Ангела Меркел на церемонијата на отворањето.

Во видео-врската од Берлин, таа порача дека компјутерските чипови ја замениле нафтата како „животна крв“ на економијата.

„Бош“, кој е водечки снабдувач во автомобилската индустрија, изјави дека фабриката претставува најголема единствена инвестиција во 130-годишната историја на компанијата.

Во фабриката ќе се вработат 700 лица и ќе се произведуваат силиконски плочи со десетици илјади чипови кои ќе контролираат воздушни перничиња, системи за контрола на сопирање и паркирање и многу повеќе.

Можете да прочитате

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје