Од буџетот на Министерството за транспорт и врски за оваа година распределуваме 186 милиони денари за реализација на капитални проекти во општини во Република Северна Македонија, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Штип.
Тој потенцираше дека Владата се фокусира на поддршка на општините за да се подобри квалитетот на урбаното живеење. За таа цел, истакна министерот, на послeдената седница на Владата, било одлучено преку буџетот на министерството да се распределат овие средства во вид на капитални дотации.
„Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за распределба на капитални дотации за општините како поддршка за подобрување на квалитетот на живеење. Општина Штип добива 9 милиони денари за изградба на конзоли за пешаци на река Отиња. Со проектот се предвидува изградба на конзоли за пешаци, со што ќе се ослободи сегашниот тротоар на потегот од мостот на црква Св.Никола се до мостот кај судот. Со тоа добиваме уште една коловозна лента и двонасочен проточен сообраќај. Со овој проект и со платформата за паркирање го решаваме сообраќајниот систем во тој дел од градот. Продлжувме во отворена и блиска комуникација со сите општини и во тесна соработка ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на живот за граѓаните“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
За општина Штип ова е трјано решавање на досегашниот сообраќаен метеж, истакна в.д градоначалникот на оптшина Штип, Јане Миланов.
„Со изградба на конзолите за пешаци ќе ги ослободиме тротоарите со што ќе добиеме две ленти за сообраќај. Со тоа ќе го решиме сообраќајниот метеж што го имаме со години наназад. Се работи за средства од 9 милиони денари кои заедно со средствата што ќе ги одвои општината ќе се овозможи фазно да се реализира овој проект. На тој начин добиваме сообраќајница со две ленти“, изјави в.д градоначалникот на општина Штип, Јане Миланов.
На новинарско прашање за изградба на браната Отиња, министерот Бочварски потенцираше дека јавниот повик е завршен и дека пет компании имаат доставено понуди. Во наредниот период ќе се врши евалуација на понудите и до крај на годината или почетот на следната година ќе се избере изведувач, истакна министерот Бочварски.