Утрински Весник
Спорт

Борна Чориќ го победи коронавирусот (фото)

Борна Чориќ го победи коронавирусот (фото)

Хрватскиот тенисер, Борна Чориќ на социјалните мрежи објави дека веќе нема коронавирус. Тој беше еден од заразените со вирусот Ковид 19 на хуманитарниот тениски турнир што српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ го организираше во Задар, минатиот месец.

Тој турнир беше прекинат откако беше откриено дека еден од учесниците, Бугаринот Григор Димитров е позитивен на вирусот. Набрзо потоа се прошири веста дека меѓу заразените е и Новак Ѓоковиќ, но и најдобриот хрватски тенисер во моментов, Борна Чориќ.

„Немам корона и среќен сум што повторно сум на теренот. Добро е чувството повторно да тренираш на отворено“ напиша Чориќ на фотографијата објавена на неговиот Инстаграм профил.

Хрватскиот тенисер тренирал во периодот додека се наоѓал во изолација затоа што не чувствувал никакви симптоми.

Тениската сезона, според предвидувањата, треба да продолжи на 18 август со турнирот во Вашингтон.

View this post on Instagram

I’m corona-free and happy to be back on the court! It feels good to practice outdoors again ☀️

A post shared by Borna Coric (@bornacoric) on



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига