Утрински Весник
Свет

Борис Џонсон во самоизолација по контакт со заразен со Ковид-19

Британскиот премиер Борис Џонсон е во самоизолација по контакт со лице кое имало позитивен тест за коронавирус, изјави портпаролот на кабинетот.

„Тој ќе продолжи да работи од неговата канцеларија на Даунинг стрит, вклучително и на стратегијата на Владата против пандемијата на коронавирусот“, изјави портпаролот.

Џонсон беше хоспитализиран со коронавирус во април. Според портпаролот, овој пат тој е добар и нема симптоми на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН: Нападите врз цивили и инфраструктура се воени злосторства

Израелски ракетен напад уништи синагога во Техеран: „Жал ни е“

Предупредувања низ целиот Блиски Исток пред рокот на Трамп