Утрински Весник
Свет

Борисов повикан на разговор во полицијата: „Се надевам дека ќе излезам жив“

Борисов повикан на разговор во полицијата: „Се надевам дека ќе излезам жив“

Поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов добил покана за информативен разговор во Генералниот директорат на полицијата, соопшти тој на брифинг во седиштето на партијата.

„Сега ја добив поканата. Веројатно ќе ме прашаат зошто се кандидирав на изборите, зошто не купив гласови како другите, зошто ги добив битките и кога ќе се откажам. Повторно, ГЕРБ им е коска во грлото. Се надевам дека ќе излезам жив, друго не знам“, рече Борисов, пренесе БГНЕС.

Неодамна, техничкиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, информира дека бившиот премиер ќе биде предмет на проверка поради сомнежите дека вршел притисок врз сведоци. Борисов денеска рече дека не се сеќава оти некому му вршел притисок.

ГЕРБ денеска побара оставка од Централната изборна комисија, поради организирањето на парламентарните избори во странство, каде, како што тврдат, имало измами на гласачи.

Можете да прочитате

Во пресрет на меѓуизборите: Трамп подготвен за масовни помилувања во својата администрација по примерот на Бајден

По историскиот одзив на арапските гласачи, Џабарен најави поддршка за опозицијата за спречување нова влада на Нетанјаху

Телефоните на германските министри и пратеници биле цел на напади од шпионски софтвер