Утрински Весник
Свет

Борисов: Нема да поддржиме ниту една одлука на Владата на чело со Кирил Петков

Борисов: Нема да поддржиме ниту една одлука на Владата на чело со Кирил Петков

Партијата ГЕРБ нема да поддржи ниту една одлука или политика на владата на Кирил Петков, изјави лидерот на партијата и поранешен премиер на Бугарија Бојко Борисов.

Според Борисов, основа за оставка на владата се разликите меѓу премиерот Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на тема Северна Македонија.

„Скандалозни се вчерашните изјави на министерката за надворешни работи. Ова во која било друга ситуација предизвикува пад на владата. Секаде во светот. Двојна скриена надворешна политика“, рече Борисов, пренесе БНР.

Министерката Генчовска вчера изјави дека има сериозни разлики со надворешнополитичкиот тим на премиерот за прашањето кога Бугарија може да го укина ветото за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Премиерот Кирил Петков за тоа што го кажа Генчовска рече дека секоја одлука за ова прашање ќе ја донесе Народното собрание.

Можете да прочитате

Поради снежната бура во САД откажани 9.000 летови

Трамп создаде нов светски поредок

Дел од авиокомпаниите ги откажаа летовите кон Блискиот Исток поради безбедносни ризици