Утрински Весник
Свет

Борисов во притвор, неговите поддржувачи на улица

Борисов во притвор, неговите поддржувачи на улица

Поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов е во притвор под истрагата за корупција.

Тој синоќа беше приведен од бугарската полиција поради наводни уцени, соопштија бугарските обвинители.

Градските обвинители на Софија денеска ќе треба да одлучат дали ќе го продолжат притворот на Борисов на 72 часа или ќе го ослободат, откако ќе ги испитаат деталите од истрагата.

Членови и симпатизери на партијата на Борисов, ГЕРБ денеска излегоа на протест во Софија на кој побараа итно ослободување на Борисов, оставка на владата и предвремени избори во Бугарија.

Премиерот Кирил Петков порача дека никој не е над законите.

„Време е бугарското Обвинителство да си ја работи работата и да застане на страна на народот. Сите знаеме дека има пријави кои Обвинителството очигледно не ги разгледува“, рече Петков.

Од партијата на Борисов обвинија дека случајот претставува репресија кон политичките опоненти.

Можете да прочитате

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

Британската МИ6 ќе ја користи темната мрежа за регрутирање агенти и пристап до тајни