Утрински Весник
Свет

Борел ја поздрави одлуката на балканските земји за финансиски санкции против Русија

Борел ја поздрави одлуката на балканските земји за финансиски санкции против Русија

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска ја поздрави одлуката на Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Албанија да се приклучат кон финансиските санкции што ЕУ ги воведе кон Руската Федерација на 23 февруари.

„Тие ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со оваа одлука на Советот на ЕУ. ЕУ ја забележува оваа посветеност и ја поздравува“, рече Борел.

Шефот на дипломатијата на ЕУ додава дека овие мерки ги поддржале и членките на Европската економска зона, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како и Украина.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид