Утрински Весник
Свет

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Новата надворешно-политичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел.

„Ние истовремено мора да одбиеме, да се воздржиме и да соработуваме“, рече Борел за време на говорот во аналитичкиот центар на германскиот Маршалов фонд во Брисел.

Борел ја подготви таа стратегија за самитот на ЕУ во Брисел, што ќе се одржи од 24-25 јуни, а детално ќе биде претставена денеска на прес-конференција во Брисел, пред почетокот на руско-американскиот самит во Женева.

За време на своето обраќање, тој не спомена дека пристапот што го предложи е практично копија на „двојниот пристап“ кон Русија што НАТО го применува од 2014 година, а се состои од истовремена воздржаност и дијалог, пренесуваат руските агенции.

„Ние мора да ги отфрлиме обидите на Русија да се меша во нашите демократски процеси, да го ограничиме нејзиното влијание и дезинформации, истовремено продолжувајќи го дијалогот на теми од заеднички интерес. Примерите вклучуваат иранска нуклеарна програма, блискоисточен проблем и енергетска безбедност“, објасни Борел.

Заменик-шефот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, вчера во Брисел изјави дека ЕК разговарала за предлозите на Борел. Откако тој ќе ги претстави пред пошироката јавност, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе ги разгледаат на 21 јуни и тие конечно треба да бидат одобрени од самитот на ЕУ на 24-25 јуни.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина