Утрински Весник
Македонија

Борел: Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси во Северна Македонија

Борел: Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси во Северна Македонија

Брисел, 16 февруари 2020 (МИА) – Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вечерва изрази задоволство поради донесувањето на Законот за јавно обвинителство во Северна Македонија.

Тој истакна дека од Минхен за Брисел летал заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров кој му  ја пренел веста.

– Законот е уште еден важен чекор за имплементација на реформите и покажува дека (Северна Македонија) има волја да направи се што е потребни за земјата да има европска перспектива, посочи Борел.

Тој додаде дека денеска и утре ќе разговараат за Европскиот совет да ја отвори вратата за европска перспектива на регионот.

Борел присуствува на неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан, што ја организира претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. ба/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Здравковски прогнозира победа на Вучиќ и немири во Србија по гласањето

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики