Утрински Весник
Свет

Борел: ЕУ нема да дозволи Украина да остане без воена опрема

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, изјави дека блокот нема да дозволи Украина да остане без воена опрема додека војната против Русија продолжува на нејзина територија.

„Европската Унија нема да дозволи Украина да остане без опрема“, изјави Борел пред новинарите во Брисел по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ, пренесува Ројтерс.

Тој додал дека руската армија претрпела големи загуби доколку бројките и извештаите се покажат како точни.

„Не би се осмелил да претпоставам колку долго Русија може да се спротивстави“, изјавил Борел.

Можете да прочитате

Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран

Иран ги негира тврдењата на Трамп дека двете страни постигнале согласност околу клучните точки

Европската комисија бара од Будимпешта да ги разјасни тврдењата за врските на Сијарто со Москва