Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Борел в понеделник ќе ја посети Македонија

Борел в понеделник ќе ја посети Македонија
Img 7972

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел, в понеделник ќе ја посети Македонија, каде ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министрите за надворешни работи и одбрана, Бујар Османи и Славјанка Петровска.

Тој ќе учествува и на настан на кој претставници на граѓанското општество и младински организации ќе ја претстават својата работа за придонесот на Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа.

Борел во вторник ќе отпатува за Албанија и ќе се сретне со премиерот Еди Рама во Тирана. Тој ќе разговара и со други претставници на албанските власти и граѓанското општество, а ќе ги посети и тековните реставраторски работи на мозаикот на Националниот историски музеј, кој е реновиран како дел од помошта на ЕУ за закрепнување од земјотресот.

В среда Борел ќе престојува во Сараево, каде прво ќе ја посети операцијата на ЕУФОР Алтеа, чиј капацитет на теренот неодамна е речиси двојно зголемен. Тој потоа ќе се сретне со властите на БиХ, претставници на опозицијата и граѓанското општество.

Можете да прочитате

Приведени лихвар и неговата сопруга од Неготино, физички нападнале должник и двајца полициски службеници

Апсења на различни локации во Скопје

„Франкенштајн” на Театарот за деца и младинци ја доби наградата на публиката на фестивалот МЕСС во Сараево